Пратеник во руската Дума побарал од Путин да го одликува Хабиб со орден „Херој на Русија“

Членот на руската Дума и познат политичар во најголемата држава на светот, Гаџимурад Омаров побара од претседателот на Русија, Владимир Путин да го одликува непобедливиот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов со највисокиот орден – „Херој на Русија“.

Путин најави дека ќе го прими Нурмагомедов откако Дагестанецот неодамна ја запиша 29-та победа во УФЦ и објави пензија, па заминува како непобледив од ММА, па поради ова и поради промоцијата на Русија, Омаров побарал највисок орден за дагестанскиот „Орел“.

Орденот „Херој на Русија“ воглавно не го добиваат спортисти, тој е највисок орден кој го имаат Михаил Калашников, космонаутот Сергеј Крикарлев, бившиот претседател Борис Елцин…

Ирина Роднина, бившата трикратна олимписка шампионка, која исто така е член на Думата, се спротивстави на овој предлог.

„Не гледам што е херојско во настапите на Хабиб. Тој е спортист, професионалец, се докажа, ама тоа е работа како и на сите други спортисти. Јас не би доделила таков орден. Русија има многу големи шампиони, ама само неколкумина се херои на Русија. Мислам дека тој орден, такво признание не треба да се дава на спортисти“, рече Роднина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО