Остануваат уште неколку дена до судирот број три меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.
Тие ќе се соочат по трет пат во последните три години. Битката ќе се одржи на 9 октомври во Лас Вегас. Исто така, познати се и хонорарите што ќе ги добијат боксерите во тешка категорија.
Логично, условите на „Ромскиот крал“ се многупати подобри. За битката со Вајлдер ќе добие 30 милиони долари, додека хонорарот на Американецот е 20 милиони долари. Покрај тоа, договорот на Фјури гарантира дека ќе собере 60% од профитот од платените гледања.
Првата битка меѓу Фјури и Вајлдер на 1 декември 2018 година заврши без победник со невидено реми.
Во втората, Фјури му го нанесе првиот пораз на Американецот, по нокаут победата на 22 февруари 2020 година.
Мечот број три меѓу нив е реванш, кој, според договорот, Британецот е должен да му го даде на својот противник. Битката ќе се одржи во неделата околу 5 часот (по македонско време).