Роналдо во улога на ММА борец на средба со Хабиб (ФОТО)

Не е тајна дека поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов и фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо многу години се пријатели. Двајцата честопати присуствуваат на нивните натпревари.

Во текот на изминатите неколку дена Дегестанецот се препушти на фудбалските емоции во Англија. Нурмагомедов го следеше мечот на Роналдо и Манчестер Јунајтед против Евертон на стадионот „Олд Трафорд“.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов по средбата се сретна со напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Двајцата пријатели се забавуваа, а Португалецот дури се обиде да игра улога на ММА борец, обидувајќи се да го фати Хабиб. Пред Пол Погба и Рио Фердинанд демонстрираа соочување, кој заврши со прегратка.

Русинот го овековечи овој момент на Инстаграм, пишувајќи:

„Тој е најдобриот во историјата. Продолжи да твориш, шампионе. Инспирирате милиони луѓе низ целиот свет“, напиша Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО