Познато е колку ќе заработи Тајсон Фјури на средбите против Нгану и Усик: Ќе земе вртоглава сума за помалку од два месеци

Сигурно ќе биде интересно да се види каков сооднос ќе се договорат бидејќи Фјури досега инсистираше на 70-30 во негова корист.

Вчера излезе веста дека Тајсон Фјури и Aлександaр Усик се договориле за обединување на титулата во тешка категорија. Никој не очекуваше да ја добиеме оваа вест токму сега, неколку недели пред мечот на Фјури со Нгану. Но, како што веќе дознавме, никогаш не се знае кој ќе биде следниот чекор на Фјури.

Заслужено доби критики што го прифати мечот со Френсис Нгану, а има и мислење дека ќе биде сосема неконкурентен меч, особено по јавниот тренинг пред неколку дена на Френсис.

Што се однесува до платите и конкретните бројки, Френсис ќе мора да се задоволи со 10 милиони долари, што е неговиот најголем хонорар во кариерата досега. Боб Арум, еден од промоторите на Фјури, вчера за медиумите изјави колку Фјури вкупно ќе заработи од натпреварите против Нгану и Усик:

„Боб Арум им рече на новинарите дека Тајсон Фјури ќе заработи повеќе од 100 милиони долари за борбите против Френсис Нгану и Александар Усик во Саудиска Арабија: „Не ја знам точната бројка, но тоа е многу повеќе од 100 милиони долари“, напиша Мајкл Бенсон на својот Твитер профил.

Навистина е огромна сума на пари која Фјури ќе ја заработи за само два месеци бидејќи мечот со Усик е планиран за 23 декември. Најдоцна, тој меч треба да го видиме некаде во првиот месец од 2024 година, што е сепак многу кратко растојание. Се чини дека Усик и Фјури конечно успеаја да се договорат за она за што најмногу се расправаа – парите. Сигурно ќе биде интересно да се види каков сооднос ќе се согласат бидејќи Фјури досега инсистираше на тоа дека е за 70-30 во негова корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО