Познати се патниците за Европското карате првенство, Арсосвки ќе биде задоволен само со златен медал!

 

 

Македонија на Европско првенство за сениори во Нови Сад од 10 до 13 мај ќе настапи 13 каратисти, девет во борби и четири во кати, ова го соопштија тренерите на репрезентациите Сашко Арсовски, за борби, и Стојан Андриевски, за кати.

„Кај мажите во борби ќе настапат пет, а кај жените четири каратисти. На 28 април ќе бидат организирани 10-дневни подготовки во нашата стара база, хотелот „Истатов“ во Дојран.

Пред тоа ќе има и неколку викенд-турнирски подготовки во Скопје, кои, пак, ќе ни помогнат во темпирањето на потребната форма. На подготовките ќе ни се приклучи и кондициски тренер што ќе ни го испрати Агенцијата за млади и спорт (АМС). Можно е по завршувањето на подготовките да приклучам уште некој каратист, но само за настап во екипниот дел. Немам посебен фаворит за медал, бидејќи сите репрезентативци се квалитетни, верувам во нив, така што секој може пријатно да изненади и да се бори за медал.

Конкуренцијата на ЕП ќе биде мошне силна, па затоа ќе бидам задоволен ако освоиме најмалку едно злато“, вели Арсовски.

Во кати немаме претставници во машкиот екипен дел, поради големата возрасна и тежинска разлика помеѓу предвидените репрезентативци.

„Каташите ќе се подготват во Дојран заедно со каратистите во борби. Објективно, во поединечна конкуренција ќе биде тешко да се стигне до медал, но во екипниот женски дел можеме да направиме пријатно изненадување“, истакна Андриевски.

На последното ЕП во Коаџели, (Турција) во 2017 година, Македонија освои два медала. Берат Јакупи (- 84 кг) го освои сребрениот медал, а Јована Георгиева (-55 кг) бронзениот во борби.

За Македонија во борби ќе настапат:

Емил Павлов (-60 кг)
Ненад Ќелебиќ (-67 кг)
Мурсељ Мисини (-75 кг)
Берат Јакупи (-84 кг)
Жарко Арсовски (-84 кг)
Драгана Манговска (-50 кг)
Симона Заборска (-55 кг)
Вероника Костовска (-61 кг)
Ангела Мојсовска (-68 кг)

Кати
Маријана Димоска
Мишела Димоска
Кириана Камческа
Фери Исиќ

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО