Македонските карате репрезентативци ги добија противниците за утрешниот почеток на Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија.
Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 натпреварувачи, 10 во борби и пет во кати. И во двете конкуренции Македонија ќе има и екипен настап.
Целта е да се продолжи континуитетот на освојување медали на европските првенства.
Да потсетиме дека освојувач на медал од последното ЕП во Турција е Петар Спасеновски кој освои бронза.
Емил Павлов е најуспешен и најдобар македонски каратист, носител на четири медали од ЕП, по два златни (2014 и 2018 г.) и бронзени (2016 и 2019).
На ЕП се пријавени 548 каратисти од 47 држави.
Европско првенство:
Ката
Мартина Арсовска – 4.група со 7 натпреварувачки
Кристијан Бајовски – 1.група со 8 натпреварувачи
Ката тим мажи (Андриќ Христијан, Спасовски Александар, Спасовски Давид) – 2.група со 5 репрезентации (Првата е со 6 репрезентации)
Жени
-50
Теодора Цветкоска – Ања Јовиќ (Црна Гора)
-55 кг
Јована Георгиева – Алесандра Хасани (Хрватска)
-61 кг
Вероника Костовска – Карлота Осарио Фернандез (Шпанија)
-68 кг
Ангела Мојсовска – Избаел Марија Нието (Шпанија)
+68 кг
Бојана Манева – Тита Кеинанен (Финска)
Мажи
-60 кг
Фахик Весели – Шон Етан Деј (Англија)
-67 кг
Емил Павлов – Денис Копитко (Украина)
-75 кг
Петар Заборски – Рагнар Аудсе (Естонија)
-84 кг
Петар Спасеновски Микел Мец (Естонија)
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Мехди Филали (Франција)
Кумите тим жени
Македонија – Словенија
Кумите тим мажи
Македонија – Италија/ Полска