Познат составот карате репрезентацијата за СП по денешниот Плеј-оф турнир

Денеска во Скопје се одржа Плеј-оф турнирот за избор на карате репрезентацијата за сениори за Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, од 16 до 21 ноември.

Речиси сите што освоија први места на Државниот изборен турнир ги потврдија и денеска со измени во две женски категории, Бојана Манева денеска беше прва во категоријата до 68 килограми, пред Ангела Мојсовска, а Симона Заборска беше најдобра во категорија до 55 кг со три победи, претходно на Државниот изборен турнир прва беше Јована Георгиева. Најдобрата каратистка во кати, Пуликсенија Јованска, денеска не се појави на татамито.

Од друга страна, не појавувањето на наекои натпреварувачи измеша некои работи и влијаеше на конечниот пласман. Клубовите се жалат дека не е во ред како поединечен спорт во две недели да се плаќаат скапи ПЦР тестови, а за други спортови тоа да не важи.

Сепак, останува да се види како ќе се сумираат резултите во поедини категории каде што имаше пресврт.

Први места на Плеј-оф турнирот за состав на репрезентацијата:

мажи

-60 кг Фаик Весели – Олимпик спорт

-67 кг Емил Павлов – Штип

-75 кг Петар Заборски – Макпетрол

-84 кг Берат Јакупи – Асиарт

+84 кг Жарко Арсовски – Штип

жени

-50 кг Сара Радичевска – Макпетрол

-55 кг Симона Заборска – Макптерол

-61 кг Вероника Костовска – Олимпик спорт

-68 кг Бојана Манева – Штип

+68 кг Симона Симовска – Олимпик спорт

кати

Александар Неделковски – Металург

Мартина Арсовска – Гладијатор

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО