Тајсон Фјури (26-0, 19 КО) вториот меч по долгата пауза ќе го боксира на 18 август во Белфаст.
29-годишниот Британец ќе се бори против двократниот предизвикувач за светската титула Франческо Пијанета (35-4-1, 21 КО).
33-годишниот германско – италијански боксер последен пат се бореше во Минхен во средината на јуни, каде што со едногласна одлука на судиите го победи Петар Милас.
ФјуриБес исто така се врати во јуни и го порази Сефер Сефери во разочарувачки меч.
Во главната борба на настанот во Виндзор Парк, домашниот борец Карл Фремптон (25-1, 14 КО) ја брани привремената титула на ВБО во перолесна категорија против непобедениот Австралиец Лук Џексон (16-0, 7 КО).