35-годишниот канадски боксер Стив Ролс е следниот ривал на Генади Головкин. Веста е објавена на социјалните мрежи од ДАЗН. Средбата ќе се одржи на 8 јуни во Медисон сквер гарден.
Ова ќе биде прв меч за Казахстанецот по неговиот пораз од Сол Алварез – Канело, кога ја загуби светската титула.
Ролс има 19 победи (10 со нокаут) од 19 мечеви. Во неговата борбена картичка нема сериозно име. Сепак, тој е во првите 15 од четирите најпрестижни професионални боксерски организации.