Поранешна воинка на УФЦ во кома по компликациите во текот на итната операција

Поранешнaтa УФЦ натпреварувачка во сламка категорија Магана е во кома по компликациите за време на хируршка интервенција. Нејзиниот тренер Габриел Ламастус ја потврди оваа вест. 35-годишната Магана е во болница во Порторико. Таа се подготвуваше за борба Америка, но се повреди на 7 април, откако беше соборена за време на тренинг сесијата.

Отишла на преглед, при што е констатирано дека има дискус хернија. Сепак, била решена да се бори и продолжила да се поготвува, но болката стана неподнослива. Сето ова резултирало со синдром на cauda equina, исто така познат како синдром на коњска опашка. Таа морала да се подложи на операција, а за тоа Ламастус вели:

„Таа е во кома и чекаме да слушнеме некои позитивни вести. Операцијата заврши добро. Имаше проблем со анестезијата.

Многу ретко, пациентите реагираат лошо на анестезијата, но ова се случува и претпоставувам дека ова е еден од тие ретки случаи. Ќе биде добро и ќе се разбуди. Таа е борец. Едноставно, останувам позитивен“.

Во една од видеата што ги направи пред Магана влезе во операционата сала, таа се уплаши и рече дека има чувство дека нема да се разбуди и да умре.

Магана е со скор 11-10 во ММА и се наоѓа во серија од 6 последователни порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО