И Арсим Етеми ги заврши борбите на „Белградски победник“

И Арсим Етеми ја доживеа судбината на Љама и Јанески на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ откако загуби во мечот против Бирол Ајгин од Турција со прекин во втората рунда.

„Арсим загуби со прекин во втората рунда по добиен удар во плексусот“, картко изјави првиот човек на репрезентацијата Петар Чурлиновски.

Утре на рингот излегува Џан Демиров, последниот наш боксер.

-60 кг Јасин Љама – Хакан Доган (Турција) 0-5

-69 кг Гоце Јанески – Јарослав Самофалов (Украина) пораз (ТКО, Р1)

-52 кг Џан Демиров – Иштван Цака (Унгарија) утре

-75 кг Арсим Етеми – Бирол Ајгин (Турција) пораз (ТКО, Р2)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО