Даниел Џејкобс: Го почитувам Канело Алварез, но сакам да му ја скинам главата

Даниел Џејкобс ќе се бори против Канело Алварез на 4 мај во Лас Вегас. Џејкобс ја заложува титулата во средна категорија на ИБФ против мексиканската ѕвезда, спостевник на појасите на ВБА (супер), ВБЦ, магазинот Ринг и линераните титули во средна. Во интервју за Boxing Scene Џејкобс искажа почит спрема Алварез, но покрај тоа сака да му ја „сткине“ главата.

„Му го давам на Канело целото почитување на светот. Дефинитивно во првите 15 во П4П листата. Дефинитивно, имаше борби за кои мислам дека ги загуби, како оние со Головкин. Го почитувам секој борец кој е подготвен да се бори во спорт во кој ќе убиеш или те убиваат.

Почитта ќе биде во позадина кога ќе влеземе во рингот, бидејќи сакам да бидам победник. Сакам да ја скинам главата и да докажам дека сум најдобар гладијатор во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО