Меѓународна сценаММА

Пожар во ресторанот на Хабиб во Махачкала

Пожарот на покривот на ресторанот „Папаха“ во центарот на Махачкала е целосно изгаснат. Ова го соопштија претставници на службите за итни случаи за руските медиуми.

„Пожарот на покривот на ресторанот „Папаха“ на булеварот Расул Гамзатов е изгаснат“, објавија властите.

За среќа, никој не е повреден како резултат на пожарот. Околностите околу пожарот се испитуваат. Прес-службата на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Дагестан извести дека горел просторот за скара во ресторанот „Папаха“.

Објектот ги отвори своите врати кон крајот на 2021 година. Локалните медиуми известуваат дека му припаѓа на поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Во последниве години името на Хабиб во Русија се поврзува со проблеми со даночните власти.

Нурмагомедов имал долгови кон нив, но ги отплатил.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON