Повредата ја спречи Лилјана Недановска да се бори во репасажот на БП

Лилјана Недановска (-63 кг) немаше среќа Балканското џудо првенство за кадети, Коџаели, Турција, бидејќи повредата ја оневозможи да се бори во репасажот.  

Во првата борба Недановска во тешка и неизвесна борба извојувава победа над албанската репрезентативка, а потоа во четвртфиналната борба загуби против натпреварувачка од Грција. Токму во оваа борба Недановска се здоби со полесна повреда, а по препораките на медицинскиот тим не и беше дозволен понатамошен настап, заради што не се појави во репесажната борба. А, доколку ја добиеше, ќе имаше шанси да се бори за бронзен медал.

Стручниот тим на нашата селекција е задоволен од настапот на сите репрезентавци, истакнувајќи дека сите се бореле со срце и душа и презентирале одлично џудо. Малку фалело за доминација на татамите против репрезентавци на повеќе фаворизирани држави.

Сепак, со освојувањето и на бронзениот медал од Теа Настоска, тоа и се покажа на дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON