Повредата и правилата на санда беа непремостливи за Тоше Цветков во Атина

Tose Cvetkov vo Atina so curino 2016

Тоше Цветков на 3 јули се сретна со Хилиас Спациотис во Атина, Грција, на настанот „Брејв фајт најт“ по правила на К-1, но и санда, во категоријата  до 90 килограми.

Tose Cvetkov pogotovka za borba ATina 2016

Цветков се повреди во тертата рунда и не успеа да ја реализира свјата змисла да го нокаутира противникот, со кого требаше да се сретне на 4 јуни Петрич, Бугарија, но од непознати причини ја откажа борбата.

„Најпрво да и се заблагодарам на сите за големата поддршка што ми ја дадоа и да им.се извинам.на момците што беа со мене, односно екипата, поради тоа што една тактика подготвивме кога тргнавме, а за време на борбата не прикажав ама баш ништо. Едноставно, паметот како да не ми беше во борбата. И самиот не знам што ми стана. Го имав на неколку пати и не отидов до крај да го завршам. Од друга страна, имаше плус некои санда правила со падови со фрлања, кои јас дотогаш не ги знаев. При крајот на трета рунда противникот падна на моето рамо и ме повреди. Не можев да продолжам, но несакам да се правам паметен и да наоѓам изговори. Грешката е во мене и требаше да си ја завршам работата многу порано. Се извинувам на  лошо прикажаната борба од моја страна. На сите фанови и порачувам дека наредната борба ќе се вратам монгу појак и со победа“, изјави Тоше Цветков за Ipon.mk.

Тој истакнува дека организацијата била многу добра, а организаторите спрема нив биле коректни, немало никакви провокации, однонсо се било во најдобар ред.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО