Повредата го оневозможи Исмаил Туркер да ја продолжи борбата на ЕП

Исмаил Туркер немаше среќа во четвртфиналниот дуелна Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора, со Полјакот Решут Ксавиер. Имено, по првата рунда Туркер се здоби со повреда на коленото, заради што и не ја заврши борбата.

Ако Туркер ја продолжеше борбата и победеше, ќе освоеше најмлку бронзен медал.

Вчера Силвио Мировски и Горјан Ристовски обезбедија бронзи. Утре е настапот на другите наши натпреварувачи.

На ЕП ќе настапат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.

Резултати – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:

Кик лајт – постари кадети

-47 кг Исмаил Туркер – Решут Ксавиер (Полска) 0-3

Лоу кик – јуниори

-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) ½ финале

К-1 – јуниори

-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) 3-0

-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) 2-1

-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) ½ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО