Кикбоксерите ќе атакуваат на медали на ЕП во Црна Гора, жребот поволен

Поволен жреб за македонските кикбоксери на Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора, од 5 до 14 ноември.

На Исмаил Туркер, Силвио Мировски и Горјан Ристовски им треба победа за пласман во полуфиналето и обезбедување на бронза, додека деовјките Олгица Орешкова и Миа Тодорова ќе се борат за влез во финале и борба за златниот медал.

На ЕП ќе настапат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.

Распоред – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:

Кик лајт – постари кадети

-47 кг Исмаел Туркер – Роман Николаш (Унгарија)/ Решут Ксавиер (Полска) ¼ финале

Лоу кик – јуниори

-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) ½ финале

К-1 – јуниори

-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) ¼ финале

-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) ¼ финале

-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) ½ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON