Поветкин во борба за задолжителен предизвикувач на Џозеф Паркер

Откако минатата година два пати падна на допинг тестот, Александар Поветкин (32-1, 23 КО) наскоро повторно би можел да се најде во борба за титулата.

Поранешниот шампион во ВБА прво беше позитивен на допинг тест на мелдониум во пресрет на борбата со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, а потоа поради позитивен тест е откажана и борбата за прв предизвикувач против Бирмејн Стиворн.

38-годишниот Русин во следниот меч ќе се бори за позицијата задолжителен предизвикувач на ВБО федерацијата чиј актуелен шампион е Џозеф Паркер.

Поветкин на 15 декември во Екатеринбург се бори против Кристијан Хамер (22-4, 12 КО). 30-годишниот Романец последен пораз го претрпе од Тајсон Фјури во 2015 година, а во 2010 беше нокаутиран од Мариуш Вах, а интересно е загуби иво  професионалното деби во 2008 година.

Ги победи Еркан Тепер, Дејвид Прајс, и Кевин Џонсон.

Хамер во моментов е број 1 на ранг-листата на ВБО. Поветкин е на 6-тото место, а ја држи Интернационалната титула. Во последната борба во јули со едногласна одлука Русинот го победи Андриј Руденко (31-3, 19 КО).

https://youtu.be/uB41pUVjYfQ

https://youtu.be/5k3KuiPst0Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON