Александар Поветкин ќе има шанса да ја освои титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија на 21 мај во Москва. Ќе се бори со Дионтеj Вајлдер (САД), а нивната пресметка почнува да се вжештува во овие недели. Американецот одлучи да го подбуцне својот ривал со зборовите дека ќе ја користи тактиката на Владимир Кличко, за да го совлада. Во дуелот со Украинецот Поветкин изгледаше беспомошен во поголемиот дел од натпреварот.
„Во тоа време бев прилично поинаков боксер. Можам да се справам со клинчовите на еден друг начин. Веќе сум физички доволно силен. Според мене, Вајлдер мај е изнервиран“.
https://youtu.be/33DFiRrFsMk