Поветкин пред пензионирањето планира да одработи уште 2 борби

Александар Поветкин (34-2, 24 КО) наскоро планира да стави крај на својата голема кариера.

39-годишниот Русин во септември поразен со нокаут од Ентони Џошуа во веројатно неговата последна борба за титулата.

Поветкин освои се што можеше да се освои во аматерскиот бокс. Во 2002 и 2004 година беше европски и светски шампион во 2003 година. Во 2004 година во Атина ја освои титулата на олимписки победник.

Во својата 22-ра професионална борба во 2011-тата со едногласна одлука го победи Руслан Чагаев и ја освои „регуларната“ ВБА титула. Во претходните мечевиго победи поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Крис Бирд и предизвикувачот Еди Чемберс.

Титулата ја одбрани четири пати – против Седрик Босвел, со поделена одлука против Марко Хук, како и против Хасим Рахман и Анджеј Ваврчик пред октомври 2013 година од владетелот на тешка категорија Владимир Кличко со едногласна одлука го претрпе првиот пораз на неговата кариера.

По тој пораз просолжи да победува врвни противници (Мануел Чар, Карлос Такам, Мајк Перез, Мариуш Вах, Јохан Духопс, Андриј Руденко, Кристијан Хамер, Дејвид Прајс) пред да дојде до нова борба за титулата против Џошуа.

„Се расправавме за тоа со Александар и се согласивме дека пред завршувањето на кариерата ќе одработи уште една или две борби“, рече промоторот на Поветкин Андреј Рјабински.

„Се уште не сме подготвени да разговараме за имињата на потенцијалните противници, но ќе речам дека борбата со Џошуа остави многу голем впечаток на англиските навивачи. Тие беа импресионирани од храброста на Александар и начинот на кој се бореше. Борците кои се борат до крај се почитувани во целиот свет“.

„Мислевме дека тоа е монетот да ја заврши кариерата, но организаторите во Англија почнаа разговори со нас за уште една или две борби, бидејќи постои голем интерес за Александар, а ќе направиме уште некоја“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО