Поветкин: Политиката е валкана работа

Povetkin-klicko

Рускиот боксер во супертешка категорија, Александар Поветкин, не губи надеж за реванш меч со светскиот шампион во верзиите IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко.

„Се зборува дека таа борба нема да се случи поради сложените односи меѓу двете земји, дури, и дека на фудбалските клубови од Русија и од Украина ќе им биде забрането да играат меѓу себе. Не сакам да се мешаат спортот и политиката. Тоа е валкана работа. Судејќи по тоа што се зборува во одредени боксерски кругови, со промоторот ќе се потрудиме оваа тема да се игнорира. Се сеќавам, многумина се сомневаа дека и нашиот прв меч ќе се случи, но ние го сторивме тоа”, изјави Поветкин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON