Рускиот боксер Александар Поветкин ги кажа очекувањата пред борбата против Дилиен Вајт во тешка категорија на 22 август во Лондон.
„Сакам да му се заблагодарам на Еди Херн што ја организираше оваа борба. Благодарност и до Дилиен, тој е силен и достоен боксер. Отсекогаш се однесував со почит кон Вајт, мислам дека претстои интересна и убава борба. Се подготвив добро, тоа ќе биде интересна и добра битка “, рече Поветкин.
https://www.instagram.com/p/CEHz1dBgjCR/?utm_source=ig_embed
Последната борба на 40-годишниот Русин Александар Поветкин беше во декември 2019 година со Американецот Мајкл Хантер заврши нерешено.
Рускиот витез има 38 натпревари во професионалниот ринг – 35 победи (24 со нокаути, 2 порази и една заврши нерешено.
https://www.instagram.com/p/CEICpHvFPeb/?utm_source=ig_embed