Дилиен Вајт ветува максимално насилство врз Поветкин

Британскиот боксер во тешка категорија Дилиeн Вајт потсети како го предизвикува Русинот Александар Поветкин на борба пред две години. На 22 август, двајцата конечно ќе се борат во Лондон.

https://www.instagram.com/p/CEHPKfJAU2M/?utm_source=ig_embed

Вајт на социјалните медиуми објасни дека ќе има максимално насилство врз Русинот.

„Пред две години му реков на Поветкин дека сакам да се борам. Ова се случи откако тој го нокаутира мојот пријател Дејвид Прајс.

https://www.instagram.com/p/CEHbc5aDoO-/?utm_source=ig_embed

Две години подоцна стигнавме до овој меч и наскоро сè ќе заврши. Максимално насилство“, напиша 32-годишниот Британец.

https://www.instagram.com/p/CD-4OcEgSyq/?utm_source=ig_embed

Тој може да се пофали со скор од 27 победи и 1 пораз, а 8 години постариот Поветкин има предност од 35 победи, 2 порази и 1 нерешена.

Победникот од битката Поветкин-Вајт официјално ќе се квалификува за мечот со шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО