Поветкин е подготвен да се бори со Кличко и во Киев!

alexander-povetkin-bint

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Александар Поветкин, во интервју ја коментира веројатноста за реванш со шампионот Владимир Кличко. 

„Ако е потребно ќе се борам во Киев. Главната работа е организаторите да направат квалитетно шоу. Останатото може да се случи без никакви проблеми. Стратегијата за победа над Кличко е едноставна – треба да сум во добра форма и да се подготвувам стратешки. Како да нападнам и како да се бранам. И поконкретно – како да го скратам растојанието. Но, најубавото е дека можам да го направам тоа“.

 Кличко и Поветкин се сретнаа во октомври 2013 година во Москва. Украинецот тогаш успеа да победи со судиска одлука. Кличко повеќепати изјавуваше дека е подготвен да му даде реванш на Поветкин во украинската престолнина на стадионот „Олимпик“, кој располага повеќе од 70 000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО