Поветкин добровлно ќе прави допинг тестови

Александар Поветкин се запиша во програмата за доброволно тестирање на забранети супстанци (допинг). Ова беа дел од условите за да се бори со светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа.

Руската ѕвезда двапати се изгоре на допинг тестовите во кариерата.

„Во овој момент претставниците на боксерите ги привршуваат деталите околу одржувањето на мечот“ – објавија од компанијата „Светски бокс“. „Од Светската боксерска асоцијација (ВБА) побараа да биде финализирана датумот на задолжителната одбрана на титулата“.

Во моментов најактуелен датум за одржување на средбата е 22 септември. Се очекува дека мечот официјално ќе биде објавен во наредните денови.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО