Дејли мејл објави дека судирот за неприкосновен шампион во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури го следеле најмалку 20 милиони луѓе преку нелегални преноси.
Ова е еднакво на 95 милиони евра изгубени приходи за радиодифузерите, тврди Дејли мејл.
Мечот на 18 мај, добиен од Усик на поени по 12 возбудливи рунди, се одржа во Ријад, Саудиска Арабија, и за прв пат на маса беа поставени сите четири признаени титули во една борба во тешка категорија.
Анализата беше направена од Јиелд сец за Меил спорт и тврди дека има податоци од 2.000 стриминг локации ширум светот, при што 18% од оние што гледале нелегално – околу четири милиони луѓе – се наоѓаат во Обединетото Кралство. Во извештајот се додава дека 25 проценти (пет милиони) од нелегалните стримови се наоѓаат во Северна Америка.
Бројките, кои ја претставуваат само количината на преноси, а не и бројот на луѓе кои ги гледаат, се меѓу највисоките досега забележани за спортски настан.