Учество „Златниот гонг“ досега потврдија федерациите на Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Романија, Албанија.
Деновиве се очекуваат потврди уште од неколку држави.
Боксерската федерација на Македонија ќе настапи со шест боксери.
Турнирот ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Скопје во СРЦ „Борис Трајковски“ (мала сала).
Боите на нашата земја ќе ги бранат: Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.
Од 11 ноември во Скопје ќе почнат подготовките за Златниот гонг.