Поведена тужбена постапка за 100 милиони долари против највлијателниот човек во боксот!

Al Hejmen

Промотерската компанија „Топ ранк“ поведе импресивна тужба за 100 милиони долари. Тужбата е против највлијателниот човек во професионалниот бокс Ал Хејмен и неговите компании. Обвиненијата се за кршење на куп федерални и државните закони и реформи. 

Дел од поплаките се за незаконски договори со топ боксери, тотална монополизација на телевизискиот пазар, употреба на лажни промотори. „Топ ранк“ бара од властите да му забранат на Хејмен да оперира во професионалниот бокс до конечната одлука. Допрва ќе се разгледува тужбата дали, воопшто, по неа ќе биде поведена постапка.

Митскиот советник успеа да се пробие откако направи финансиска конструкција, со која Флојд Мејведер стана најпрофитабилниот спортист на планетата. Во последните години тој успеа да потпише договори со речиси сите поголеми ѕвезди и на тој начин ги неутрализира многу познати промоуторски компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО