Потврдено – Вајлдер е следниот противник на Фјури

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури требаше да боксуваат на 14 август во Саудиска Арабија за обединување на сите четири светски титули во тешка категорија, но борбата веројатно нема да се одржи. 

Причината за ова е фактот што Деонтеј Вајлдер има право на трета борба со Фјури. Американецот загуби од Англичанецот во втората нивна пресметка, откако првата борба заврши со реми.

Вајлдер сега сака реванш, а според договорот има опција за такво нешто. Американски судија нареди Фјури да боксува со Вајлдер. „Бронзениот бомбардер“ ја сака борбата и не планира да се откаже за ниту едни пари.

Се појавија шпекулации дека промоторите на борбата помеѓу Џошуа и Фјури ќе понудат 20 милиони долари за Американецот да се откаже од реваншот, но еден од американските промотори негира вакви информации.

„Не постојат шанси, Вајлдер да се тргне на страна“, изјави Боб Арум, еден од ко-промоторите на борбата во САД. „Што и да биде, судијата рече дека Вајлдер има право на трета борба и одиме напред со плановите и организацијата. Тоа е што е. Фјури ќе го истури својот гнев кон Вајлдер и вели дека ќе го нокаутира побрзо отколку минатиот пат“, додаде Арум.

Фјури и Вајлдер би требало да боксуваат на 24 јули во Лас Вегас, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON