Потврден реваншот на Миочиќ и Дош Сантос

Sep 10, 2016; Cleveland, OH, USA;  Stipe Miocic (red gloves) competes against Alistair Overeem (blue gloves) during UFC 203 at Quicken Loans Arena. Mandatory Credit: John David Mercer-USA TODAY Sports

Повеќе извори потврдија дека Стипе Миочиќ во својата втора одбрана на шампионската титула на УФЦ во тешка категорија ќе се бори против Жуниор Дош Сантос.

Реваншот на американско-хрватскиот тешкаш и Бразилецот ќе се одржи на УФЦ 211 во Далас на 13 мај.

Миочиќ е во серија од четири победи по поразот од Дош Сантос со едногласна одлука во декември 2014 година. Фи нокаутираше во низа Марк Хант, Андреј Арловски, Фабрицио Верум во борбата за титулата и Алистер Оверем.

По победата над Миочиќ Бразилецот се бореше само два пати. Поранешниот шампион изгуби со нокаут од Оверем во декември 2015 година, а во април во Загреб на бодови го победи Бен Ротвел.

Arile helvani stipe tvit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON