Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски викендов повторно ќе атакува на УФЦ појасот во лесна категорија.
Шампионот во перо категорија се бори против бранителот на титулата Ислам Махачев на настанот УФЦ 294 во Абу Даби.
Тоа ќе биде реванш од февруари, кога Дагестанецот со едногласна одлука на судиите во Перт го совлада Волкановски и првпат го одбрани појасот.
Махачев не се борел оттогаш, додека Алекс се бореше со Јаир Родригез во јули и го победи Мексиканецот со прекин во последната минута од третата рунда.
Најголемата светска ММА организација на својот канал на Јутјуб објави видео од последната борба на Александар во која тој го победи Родригез, пред новиот настап на Волкановски.
https://www.youtube.com/watch?v=RPcsiDSzFCs