Потресно сведоштво на Чедо Николовски: Домот ни е уништен, среќни сме што останавме живи! (ФОТО)

Cedo poplaven

Потресно сведоштво на поранешниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и репрезентативец во борење, Чедо Николовски, по неверемето во Скопје и случувањата на него и неговото семејство.

Cedo poplava

„За случувањата во населбата Ченто, селата Сингелиќ, Стајковци, м.н. Економија, лично бевме сведоци. И, среќни сме што успеавме да се спасиме и што по три часа патешествија низ градот Скопје успеавме некако да стигнеме до нашиот дом во Бутел, м.н. Љуботенски пат. Бевме шокирани. Нашите соседи немо стоеја пред нашата куќа, со надеж дека ќе не утешат за штетата што и ја претрпевме.

Cedo Poplava pokuknina

Глетката во нашиот дом беше страшна. Домот беше наполнет со еден метар вода. Целата покуќнина е уништена, автомобилот во гаражата наполнет со вода… Страшно. Еве дел од сликата во нашиот дом. И покрај се, среќни сме што сме живи“, напиша Чедо Николовски не неговиот ФБ профил, притоа изразува длабоко сочувство за изгубените животи во поплавите во Скопје.

Cedo kola voda

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON