Џонс, Леснар и Мачида симнати од ранг листата на УФЦ

Jon-Jones-Brock-Lesnar-Lyoto-Machida

Три УФЦ ѕвезди веќе не се дел од официјалното рангирање отако во текот на викендот УФЦ ги отстрани Џон Џонс, Брок Леснар и Лиото Мачида од листа на најдобри борци по категории.

Сите тројца борци се вплеткани во допинг скандали. Привемениот првак во полутешка категорија Џонс беше отстранет во почетокот на јули од главната борба на УФЦ 200 против шампионот Даниел Кормиер поради позитивен тест на два блокатори на естроген, супстанци со кои се прикрива употребата на стероиди. „Боунс“ е отстранет и од лситата П4П на најдобрите борци која ја предводеше пред да падот на тестот, а може да се претпостави дека му е одземен и привремениот појас, иако за тоа нема официјална потврда.

Ра разлика Џонс, Леснар настапи на УФЦ 200 победувајќи го Марк Хант со едногласна одлука на судиите, но по борбата беше откриено дека тој, исто така паднал на блокатори на естроген во два различни теста. Поранешниот светски шампион во тешка категорија за кратко се врати во на ранг-листата заземајќи го всушнот 8-то место на Хант, но се чини тоа не траеше долго.

Поранешниот шампион во плутешка категорија  и предизвикувач во средна, Мачида, уште во април сам ја призна употреба на недозволени средства, иако тврди дека не знаел дека се забранети супстанци. Мачида беше рангиран на осмото место во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО