Последните секунди на ЕП во Романија фатални за успех на нашата репрезентација

taekvondo-reprezentcaija-vo-bukurest-2016

Македонските кадети на Европското пренство во Букурешт, Романија, покажаа напредок кој во иднина може да се валоризира во успех, а последните секуинди се покажаа фатални за успех.

Марко Аврамовски (-49 кг) за прв пат во историја на македонското таеквондо на европско првенство успеа да помине прво коло со победа над противник од Ерменија со 8-4, а второто коло загуби од Белорусин 10-4.

Ива Поповска (-47 кг) во прво коло беше поразена од репрезентативка на Србија, иако цело време водела борбата ја изагубила во последни неколку секунди.

Слично поминала и Ања Пеиќ (+59 кг) која на 10 секунди до крајот водела 7-5, а Хрватката во последните 3 секунди извојувала победа со многу среќа. Истото му се повторило и на Иво Сандев (-41 кг), кој цело време бил во водство и во фаталните последни секунди губи од Исланѓанец. Филип Стаменов (-45 кг) и  Кирил Цоњков (-57 кг) загубија од репрезентативците на Русија и Србија.

Сепак, нашите надежи ќе имаат можност за поправен испит на Балканското првенство во Бугарија на 24 и 25 септември.

Од Македонската таеквондо федерација велат дека списокот на патниците за БП ќе биде објавен за два дена. Од Федерацијата се надеваат дека на Балканскиот шампионат нашите репрезентативци ќе освоијат барем 10 медали.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON