Пориер е подготвен да го пречека Топурија во лесна категорија

Илија Топурија (16-0) се повеќе зборува за напредување во лесна категорија, иако минатата година ја освои светската титула во перо категорија и само еднаш ја одбрани. Тој сака директно да се бори со шампионот во тешка категорија – Ислам Махачев (27-1), но по голема веројатност пред тоа ќе мора да помине преку Дастин Пориер (30-9).

„Само замислете борба меѓу мене и Дастин Пориер. Го сакам овој ѕвер“, изјави Шпанецот за поткастот Фул сенд.

Во меѓувреме, „Дијамантот“ демонстрираше подготвеност за нешто слично одговарајќи на Х.

„Воинот секогаш може да препознае друг воин“, напиша тој на социјалната мрежа.

„Матадорот“ би можел да обезбеди борба со шампионот по примерот на Александар Волкановски (26-4), поточно со изградба на династија во „перо“ за неколку години. Меѓутоа, ако тоа го сака сега, патот до Махачев нужно поминува низ другите претенденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО