Пориер до Мек Грегор: Може да си богат, но не можеш да си купиш срце!

Дастин Пориер и Конор Мек Грегор ќе се соочат во третиот меч на УФЦ 264, откако во јануари на УФЦ 257 го имаа реванш мечот, при што Пориер го здрви Ирецот со удари и го победи во втората рунда со ТКО.

Пориер е убеден дека повторно ќе биде успешен.

„На 10 јули повторно ќе го запрам Конор Мек Грегор“, рече Пориер и додаде: „Тој може да ги има сите пари на светот, но не може да купи срце – како моето“.

Несомнено, постои интерес за нивниот меч. Двајцата имаат по една победа, па на 10 јули и ќе видат кој е подобар.

Дастин сега има две победи во низа. Пред да го победи Ирецот, го победи Дан Хукер во една од најдобрите битки во 2020 година. Пред тоа загуби од Хабиб Нурмагомедов. Дастин е поранешен привремен шампион во лесна категорија и одби борба за слободната титула за да се соочи со Мек Грегор по трет пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО