Доминик Круз се враќа во кафезот! Миленикот на многу фанови и поранешен шампион во петел категорија ќе се сретне со Педро Муњоз.
Тие се дел од борбената карта на УФЦ 269 на 11 декември.
Круз влегува во мечот по победата над Кеси Кени, која беше негова прва од јуни 2016 година. Доминаторот се пожали на серија повреди што ја уништија неговата инаку славна кариера.
Сега, се надева дека ќе изгради солидна победничка серија и повредите нема повторно да се јават.
Муњоз во неговата последна борба го победи поранешниот шампион во перо категорија Жозе Алдо. Во минатото имаше победи над Коди Гарбрант, Роб Фонт, Џими Ривера и други.
Се уште нема локација за борбечката гала вечер.