Поранешниот тренер на Кличко: Вајлдер не е послаб од Владимир

Поранешниот тренер на украинската легенда во тешка категорија, Владимир Кличко – Сергеј Городничев, се сети на спарингот на неговиот поранешен штитеник со Американецот Дионтеј Вајлдер.

Потсетувајќи се на деновите кога Вајлдер пристигна на тренинг кампот на Кличко, Городничев призна дека не го следел премногу внимателно нивниот спаринг, но останал со впечаток дека се интересни и конкурентни.

„Вајлдер спарингува многу кул. Беше спектакуларно, интересно – гледав со задоволство. Искрено, не се сеќавам дали Вајлдер беше на исто ниво со Кличко затоа што не ги гледав сите спаринг-мечеви. Дојде со својот тренер, а јас тренирав други момчиња. Погледнав картко, затоа што морав да ги подготвам момчињата. Ако го гледав целиот спаринг, ќе се сетев на нешто, но гледав 20 секунди и отидов да ги тренирам момците. Беше натпреварувачки спаринг. Не би рекол дека Вајлдер е послаб од Кличко. Но, Владимир, се разбира, беше подобар во техниката. Тоа беше очигледно“, рече Городничев.

Кличко ја заврши кариерата пред повеќе од 4 години, губејќи ја последната битка од Ентони Џошуа. А Вајлдер се подготвува за трилогија со Тајсон Фјури, која е закажана за 9 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО