Поранешниот тренер на Енди Руиз му дава предност на Александар Усик во мечот за апсолутен шампион

Нешто повеќе од еден месец останува до големата борба и пресметка меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик за апсолутен боксерски шампион во тешка категорија.

Пред нивната борба, која ќе се одржи во Саудиска Арабија на 17 февруари, многумина ги дадоа своите прогнози за можниот исход, а сега истото го направи и Мани Роблес, поранешниот тренер на Енди Руиз.

„Последниот меч ќе покаже колку се добри во моментов, а последниот настап на Фјури не беше таков. Усик во моментов изгледа подобро и верувам дека ќе победи“, изјави Мани Роблес.

Двајцата непоразени шампиони наскоро ќе се сретнат во битка за обединување на појасите во тешка категорија, за прв пат од 1999 година кога тоа го направи Ленокс Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО