Поранешниот светски шампион верува во победа на Усик против Фјури

Непоразениот Александар Усик ја освои полутешката дивизија, а наскоро ќе добие шанса да стане апсолутен шампион во тешка категорија.

Неодамна беше потврдено дека Усик и Фјури постигнале договор и ќе боксираат во Саудиска Арабија за обединување на титулите.

Големиот спектакл беше најавен за 23 декември, но постои можност настанот да биде договорен за јануари следната година.

И пред да се потврди датумот на борбата, Фјури треба прво да се бори со Френсис Нгану на 28 октомври.

Мечот беше договорен за десет рунди, а влогот во мечот нема да биде ВБЦ појасот на Фјури. Кралот на Ромите се надева дека нема да излезе неповреден од оваа борба.

Доколку борбата заврши, како што сите повеќе или помалку очекуваат, со убедлива победа на Фјури, тогаш веќе нема да има никаква пречка по 24 години да се дојде до апсолутниот шампион во тешка категорија.

Поранешниот шампион на ВБА во лесна категорија, Реј „Бум бум“ Манчини вели дека не е премногу импресиониран од Фјури и го гледа Украинецот како фаворит.

„Јас го избирам Усик. Фјури е големо и силно момче кое може да се движи. Никогаш не сум бил фан на Фјури во смисла дека е голем борец. Го победи Вајлдер, кој е голем удирач и не прави ништо друго“, рече Реј Манчини и објасни зошто мисли дека Усик го има она што е потребно за да биде најдобар:

„Усик има висок боксерски коефициент на интелигенција. Има аматерска кариера, вистински борец е, знае да се бори со големите момци. Верувам дека ќе победи. Погодува одлично и ќе му прави проблеми на Фјури. Ќе направи се за да победи. И знаете што, ако Фјури мисли дека лесно ќе се справи со Усик, одамна ќе ја договореше таа борба. А тоа не се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО