Поранешниот светски првак Витали Кличко обвинет за предавство и проневера

Националното биро за борба со корупцијата на Украина (НАБУ) против поранешниот свески првак во бокс, Витали Кличко и уште двајца негови заменици, покрена кривично дело под обвинение за предавство и проневера на пари.

Кличко е актуелен градоначланик на престолнината Киев.

Од НАБУ истакнале дека го спровеле налогот на Врховниот суд за борба против корупцијата и отвориле истрага, пренесуваа украинските медиуми во средата.

Соодветнта судска одлука била донесена на 18-ти октомври, но сепак не е точно наведено во што се состои кршењето на законите од страна на киевскиот градоначалник и двајцата негови заменици. Судот постапувал по тужба поднесена за низа кривични дела кои спаѓаат во делата државен преврат, злоупотреба на службената положба, стекнување нелегална добивка, присвојување на јавни средства и други.

На почетокот од ноември беше објавено дека речиси цел месец антикорупциското тело на Украина спроведува истражна постпка против Кличко поради сомнение за злоупотреби на службената должност. Случајот е поврзан со тековата на реконструкција на знаменитиот мост Шулјавски во Киев. Во тужбата се тврди дека Кличко, користејќи ја службената позиција, заедно со неговите подредени, наводно намерно го прецениле износот на буџетот наменет за реконструкција на мостот.

Мостот Шулјавски се наоѓа во центарот на Киев, и е дел од важната транспортна магистрала. Во февруари 2017 година дел од конструкцијата на мостот се урна уништувајќи возила паркирани под него, но за среќа немаше повредени и жртви. Кличко вети дека ќе го реконструира мостот и блискиот транспортен јазел во текот на две години. Според киевскиот градоначалник, реконструкцијата ќе чини малку повеќе од милијарда гривни, односно 40 милиони американски долари.

Пред извесно време судот во јавноста реагираше на „неактивноста“ на НАБУ во истрагата за можните дела сторени од Кличко, вклучително и за одредбата од кривичниот законик на земјата која се однесува до предавство и закани по уставниот поредок, како и за неовластена експропријација, незаконска реконструкција и градба на станбени и нестанбени објекти во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON