Чарлс Мартин (28-2-1, 25 КО) го нокаутира Џералд Вашингтон (20-4-1, 13 КО) во воведниот дел на Вајлдер – Фјури 2 во Лас Вегас.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија поранешниот предизвикувач за титулата го заврши со лево кроше од контра во 6. рунда.
Ова беше борба и за задолжителниот предизвикувач на ИБФ федерацијата. Така, Мартин ќе добие уште една шанса да го освои појасот на ИБФ кој веќе го имаше во 2016 година кога во мечот за испразнетата титула го победи Вјачеслав Глазков, по повредата на Украинецот. Без појас остана во следниот меч со Ентони Џошуа.
Сепак, Мартин ќе мора да почека за својата прилика, бидејќи следниот задолжителен предизвикувач е Кубрат Пулев кој треба да се бори против Џошуа во следните неколку месеци.
Многу е изненадувачки што овие двајца боксери се најдоа во борба за задолжителен предизвикувач. Мартин од поразот против Џошуа не оствари ниту една значајна победа, а изгуби од Адам Ковнацки. Вашингтон во претходната борба го нокаутираше Роберт Хелениус, но претходно загуби 3 од 4. Беше поразен од Ковнацки, Џарел Милер и Дионтеј Вајлдер во борбата за светската титула. Сите порази се со прекин.
Емануел Наварет (31-1, 27 КО) петти пат ја одбрани титулата на ВБО во супербантам, победувајќи го со прекин во 11-та рунда на Филипинецот Џoe Сантисим (19-3, 16 КО).