Хукер славеше во главната борба на УФЦ-настанот во Нов Зеланд (ВИДЕО)

Дан Хукер (20-8, 10-4 УФЦ) го совлада Пол Фелдер (17-5, 9-5 УФЦ) пред своите фанови во Оукленд.

Во главната борба на УФЦ Фајт најт 168, 30-годишниот Новозеландец славеше со поделена одлука на судиите по 5 рунди (48-47, 48-47, 47-48) и стигна до третата последователна победа.

34-годишниот Фелдер, кој е на 2-2 во последните четири борби, по поразот го најави своето пензионирање.

Борбата помеѓу Хукер и Американецот е прогласена за борба на вечерта и двајцата добија бонус по 50.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=Wd4IdmPexzg&feature=emb_logo

Истата сума ја доби и Австралијанецот Џим Крут (11-1, 3-1 УФЦ) за изведба на вечерта откако во полутешка категорија со кимура во првата рунда го совлада Полјакот Михал Алексијчук (14-4-1НЦ, 2-2-1НЦ УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?v=dAJMHkTAEVg&feature=emb_logo

Вториот бонус за настап на вечерта и припадна на Присила Качоири (9-3, 1-3 УФЦ), која во четвртиот обид стигна до првата победа во УФЦ со нокаут за 40 секунди над Шану Добсон.

Во дуелот на велтерашите Австралијанецот Џејк Метјус (16-4, 9-4 УФЦ) со едногласна одлука беше подобар од Норвежанецот Емил Меек (9-5, 1-3 УФЦ), на кого ова му беше прва борба од јули 2018 година и негов трет последователен пораз.

Маркос Рожерио де Лима (17-8-1, 6-4 УФЦ) за 90 секунди го нокаутира австралискиот тешкаш Бен Сосоли (7-3-1НЦ, 0-1-1НЦ УФЦ), а неговата прва борба во УФЦ со Дан Харди беше поништена.

Зубаир Тухугов (19-4-1, 4-1-1 УФЦ) со технички нокаут во првата рунда го победи Кевин Агилар (17-3, 2-2 УФЦ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО