Поранешниот фудбалер на Ливерпул се испроба со Мирко Флиповиќ (ВИДЕО)

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и сегашен капитен на рускиот фудбалски клуб Зенит Санкт Петербург – Дејан Ловрен, реши да ги тестира своите вештини во ММА кафезот.

Еден од најуспешните хрватски фудбалери во денешни дни имаше слободен викенд, бидејќи неговиот тим нема натпревар. Балканецот очигледно одлучи дека би било добра идеја да се сменат спортските сали и да го посети сонародникот Мирко Филиповиќ-Кро Кап.

Двајцата познаници споделија видео и фото-материјал на социјалните мрежи од нивниот заеднички тренинг, а фудбалерот доби дури и многу пофалби за краткото борба на спарингот, што го направија заедно.

Шампионот на Англија од минатата сезона „издржа“ скоро една минута пред кик боксот и ММА величината да ја стави раката во клуч од кој нема спас.

Филиповиќ (46) често го посетуваат неговите славни сонародници во неговата сала, каде сè уште се обучуваат некои од најсилните борци во земјата.

Но една причина е најважна, а тоа е дека помалиот син на Флиповиќ Филип е голем обожавател на Дејан Ловрен и сакал да го запознае, при што добил и дрес од него.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО