Поранешната сопруга на Дмитри Бивол, Екатерина, јавно го прослави поразот на боксерот по поразот од Артур Бетербиев. Таа ја изрази радоста за победата на Бетербиев, кој по бодовна победа во Ријад, Саудиска Арабија, стана неприкосновен шампион во полутешка категорија. Екатерина се заблагодари на „кармата“ за поразот на Бивол и инсистираше на тоа дека правдата е задоволена.
Бетербиев стана првиот неприкосновен шампион во полутешка категорија во ерата на четири појаси и првиот неприкосновен шампион во полутешка категорија по Рој Џонс Јуниор. Тој на поени го совлада Бивол, при што еден судија ја бодуваше борбата со 114-114, додека другите двајца судии погодија со 115-113 и 116-112 во корист на Бетербиев.
Екатерина, која е вмешана во јавен развод со Бивол, преку социјалните мрежи ја изрази својата радост поради поразот на нејзиниот поранешен сопруг. Нејзините реакции шокираа многумина во светот на боксот. Разводот на поранешната двојка, кој беше финализиран минатата година, беше проследен со неколку обвинувања од Екатерина.
Таа го обвини Бивол за емоционална злоупотреба и контролирачко однесување за време на нивниот брак. Екатерина редовно споделува лични проблеми на социјалните мрежи, што фрла сенка врз инаку успешната боксерска кариера на Бивол. По битката таа му честиташе на Бетербиев и го прослави поразот на Бивол.
The Reaction of the Ex wife of Dmitry Bivol: pic.twitter.com/rpQuGclLH4
— . (@UsyksBurner) October 12, 2024
„Карма го фати тоа копиле. Артур, среќен сум за тебе. Сега е мојот ред, но на суд“, вели Екатерина во видеото.
Dmitry Bivol’s ex-wife was celebrating his loss to Artur Beterbiev tonight on a live stream… pic.twitter.com/VnMoVAeXQb
— Happy Punch (@HappyPunch) October 12, 2024
Бивол и неговата поранешна партнерка беа брак повеќе од една деценија, а се венчаа во октомври 2013 година откако се запознаа како млади. Нивниот очигледно среќен брак, во кој имаа две момчиња, Мајрон и Никон, заврши минатата година поради обвинувањата за семејно насилство.
Реакцијата на Екатерина Бивол наиде на многу лоши реакции кај боксерската јавност. Многумина ја „почестија“ со погрдни термини, наведувајќи дека таа е пример за „зло“ и што „злобната жена може да му направи на мажот“. Некои одат и чекор подалеку и наведуваат дека Бивол треба физички да и наштети на таква жена, а јавно се огласи и пензионираниот британски ММА борец Там Кан.
„Бивол заработи 10 милиони долари без спонзорите и ќе заработи многу повеќе на реваншот. Неговата вредност вртоглаво порасна и неговата поранешна сопруга сè уште ќе јаде чорба од зелка во нејзиниот депресивен комунистички стан додека „плука“ по Бивол. напиша Кан.
View this post on Instagram
Bivol made $10m last night (not including sponsors) and will make much more in the rematch. His stock rose so much. His ex wife will be still eating cabbage soup in her depressing communist apartment dissing him. He won, period.
— Tam Khan (@Tam_Khan) October 13, 2024