Уште нешто повеќе од две недели остануваат до еден од најголемите боксерски мечеви во последните дваесет години.
Тајсон Фјури и Aлександар Усик на 8 март во Ријад ќе се борат за апсолутен светски шампион во тешка категорија.
Последниот тешкаш што ги обедини сите појаси беше Ленокс Луис, а тоа се случи пред 25 години.
Непоразените шампиони треба да им понудат на љубителите на боксот една од највпечатливите борби во последните децении со нивните врвни квалитети (но и маани).
На маса ќе бидат шампионските појаси на ВБА, ВБО и ИБФ во сопственост на Усик, додека Фјури ќе ја донесе титулата на ВБЦ.
Поранешниот шампион на ВБА во суперсредна категорија Џорџ Гроувс верува дека Усику може да го совлада поголемиот Фјури, истакнувајќи дека Украинецот е побрз, а интензитетот на ударите е поголем од оној на Тајсон.
„Усик ќе победи, мислам дека е во подобра форма. Знам дека луѓето малку го напаѓаат по неговиот настап против Даниел Дубоа, но мислев дека беше многу, многу добар на тој меч“, рече Џорџ Гроувс и додаде:
„Усик имаше целосна контрола и го запре Дубоа. Ќе го извади Фјури од комфорната зона. Тој е огромен и тежок. Ако Усик го натера да работи понапорно од претходно, ќе биде тешка ноќ за Фјури“.
Гроувс не крие дека го фаворизира Усик пред големата борба и додаде дека Фјури неодамна го испрашувал за Украинецот.
„Усик влегува во борба и се засилува во секоја рунда. Мислам дека е во подобра форма. Одам против природната големина на Фјури и го избирам Усик. Мислам дека е подобар од Фјури во моментов“, истакна Џорџ Гроувс, и подвлече:
„Фјури неодамна ми пријде и ме праша зошто го фаворизирам Усик, а јас одговорив: „Тајсон, некој мора да го избере и него““.