Поранешен светски боксерски шампион жртва на вооружен грабеж, му го украле часовникот на улица

Тешко дека некој би сакал да го провоцира и предизвика на улица британскиот боксер Амир Хан, но самиот тој признал дека бил ограбен под закана со пиштол.

Две маскирани лица го запреле Хан во Лондон и побарале да им го даде часовникот, а тој немал друг избор и им го предал предметот вреден над 70.000 фунти.

Во моментот на грабежот, 35-годишниот Хан бил заедно со сопругата.

– Само што ми украдоа часовник под закана со пиштол во Источен Лондон.

– Бев заедно со сопругата Фариал, двајца непознати ме застанаа и ми го побараа часовникот со вперен пиштол во мојата глава. Најважно е што двајцата сме безбедни, – твитнал Хан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON