Поранешен шампион посочува дека Нгану може да го „задуши“ Фјури: Кој ќе го оттргне од Тајсон?

Навивачите можеби нужно не сакаа да ја гледаат борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану, но тешко е само да ги кренете рамениците и да ја свртите главата кон големиот спектакл што ќе се одржи во Саудиска Арабија на 28 октомври.

Актуелниот шампион на ВБЦ и еден од најдобрите тешкаши во моментов ќе боксира против поранешниот шампион на УФЦ и голем нокаутер Нгану, кој ќе ја има првата професионална борба во боксерскиот ринг.

Поранешниот шампион во тешка категорија Дејвид Хеј истакнува дека се може да се случи на тој меч без разлика што Камерунецот нема боксерско искуство.

„Тоа е бокс во тешка категорија, а Нгану никогаш не се занимавал со тоа. Конор Мек Грегор има одредени сознанија од аматерските денови, затоа издржа неколку рунди против Флојд Мејведер. Беше дури и интересен меч, можеби затоа што Флојд го ​​дозволи тоа“, рече Дејвид Хеј и продолжи:

„Дали Фјури ќе влезе во рингот и само ќе го заврши Нгану или ќе боксира, ќе го измори и ќе упати неколку удари во телото? Не знам дали ќе приредат шоу? Мислам дека Фјури е доволно добар за да ја направи борбата забавна, а може да влезе таму како што направи со Дионтеј Вајлдер и веднаш да го заврши. Би сакал да боксираат најмалку шест, седум рунди, да го скрши и да покаже зошто има разлика меѓу професионални боксери и ММА борци“.

Хеј не му дава голема шанса на Нгану според боксерските правила, но го предупредува Фјури што би можело да се случи ако Камерунецот се обиде да го задуши Џипси Кинг.

„Кој би можел да го спречи Нгану ако реши да го фати Тајсон за гуша? Веројатно би можел да го убие. Кој би можел физички да го тргне од Фјури? Тогаш некој би морал да го застрела Нгану, бидејќи толку е силен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON