Поранешен шампион на Белатор упасен за напад на жена

Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Даниел Штраус е уапсен минатиот петок за инцидент во јануари.

Ова го објавија голем број американски медиуми. Причината за апсењето на 36-годишниот Американец е напад со ладно оружје. Штраус со нож ја прободел интимната пријателка, но таа преживеала.

Поранешниот борец во моментов е во притвор со кауција од 100.000 долари.

Според полицискиот извештај, Штраус ја удрил жената со која бил во врска три години. Првично, дотичната госпоѓа не сакаше сето ова да биде објавено во јавноста, но подоцна напиша изјава во која тврди дека „се плаши од напаѓачот“ и дека е „сигурна дека тој ќе ја брка поради интервенција на властите “.

Тој сè уште е дел од Белатор. Последен пат се бореше во 2019 година, кога загуби од Дерек Кампос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО