Мајк Тајсон наскоро ќе се врати во рингот. Боксерскиот меч меѓу поранешниот светски шампион 54-годишниот „Железениот Мајк“ и три годишни помладдиот Рој Џонс ќе се одржи на 28 ноември, а борбата е закажан во осум рунди.
И додека многумина со нетрпение го очекуваат обој дуел, новиот ривал на Мајк е веќе на повидок.
Имено, поранешниот канадски хокеар Жoрж Ларак за време на една радио емисија во Монтреал изјави дека договара борба со поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон.
„Мечот е договорен 75 проценти“, рече Жорж Ларак.
Пензионираниот канадски хокеар е познат по жестоките тепачки на натпреварите во НХЛ.
Злобното момче со 124 килограми е еден од најтешките хокеари во најдобрата лига на светот.
Ларак во текот на кариерата собра 1100 минути исклучувања!
„Преговорите добро напредуваат и наскоро ќе знаеме повеќе детали“, додаде Жорж Ларак, кој би боксувал три рунди со Мајк Тајсон на егзибициски меч во Бел центарот во Монтреал.